СПРЕМНА СИ ДА ЈА ВИДИШ
НАЈДОБРАТА ВЕРЗИЈА ОД ТЕБЕ?

ПРВА и ЕДИНСТВЕНА онлајн тренинг платформа со персонализиран план на тренинзи и исхрана - прилагодени на ТВОЈАТА цел и ТВОЈАТА спремност, и следење на ТВОЈОТ напредок лично од Елена Бубало.

ПЕРСОНАЛИЗИРАЈ ГО ТВОЈОТ ПЛАН

Чекор 1: Одбери го нивото на твојата физичка спремност
Чекор 2: Одговори на прашањата за да ја дефинираме твојата ЦЕЛ.
За 1 месец ќе видиш промени на твоето тело.
За 3 месеци ќе видиш промени во твојот живот.

Почетник

освен пешки до продавница и носење ќеси до дома, не сум имала извесно време друга физичка активност.

дознај повеќе

одбери претплата

1199 ден40 ден./дневно

најпопуларно

3237 ден36 ден./дневно

10800 ден30 ден./дневно

Продолжи

Херој

вежбам повремено и сум активна еднаш-два пати неделно

дознај повеќе

одбери претплата

1199 ден40 ден./дневно

најпопуларно

3237 ден36 ден./дневно

10800 ден30 ден./дневно

Продолжи

Легенда

вежбам редовно минимум 3 пати неделно

дознај повеќе

одбери претплата

1199 ден40 ден./дневно

најпопуларно

3237 ден36 ден./дневно

10800 ден30 ден./дневно

Продолжи

Ако не си сигурна - одговори го 30сек. прашалник, за заедно да го дефинираме
персонализираниот план за тебе, според твојата спремност и цел.

quiz cta тука

Јас сум твојот тренер и ментор, Елена Бубало.

Дипломиран биохемиски инжинер, специјализација групен и персонален фитнес тренер на ДИФ факултетот во Белград.

што добиваш?

Персонализиран план за тренинг и исхрана согласно твојата ЦЕЛ и спремност:

  • Неделни НОВИ ТРЕНИНЗИ прилагодени на твојата спремност, кои го следат твојот прогрес
  • НОВО НЕДЕЛНО МЕНИ со 3 оброци + ужина адаптирани за тебе и целта што сакаш да ја постигнеш.
  • ЛИЧЕН ТРЕНЕР - континуирано следење на ТВОЈОТ ПРОГРЕС и консултации.
  • Група за мотивација и ПОДДРШКА.

инспирација за твојата
животна трансформација?

Наташа Шопова, -10kg

Елена ми помогна да стекнам здрави навики во исхраната, да останам дисциплинирана и детерминирана во остварување на личните цели и резултати. Нејзината мотивација, насоки и посветеност ми помогнаа постепено да ги совладам сите вежби. Поради неа го за...

Прочитај повеќе

Ивана Андоновска, -10kg

Елена и Атанас - јинг и јанг. Здравјето пред се. Несебично споделување на совети за балансирана исхрана. Секогаш спремни за предавања за исхрана кои траеле и по неколку часа, одговарање на пораки кога сме ги прашувале некогаш можеби и глупости ама се...

Прочитај повеќе

Ана-Марија Трајковска, -10kg

Најпрво и за мене најважно, огромните резултати, со нивната исхрана и тренинзи јас ослабев преку 40кг. Од нив научив како да имам здрав начин на живот и да уживам во тоа. Таа позитивна енергија која ја имаат тие двајцата прави да ги засакаш работите...

Прочитај повеќе

Ирена Гроздановска, -10kg

Елена ме фасцинира со нејзината професионалст и искреност. Едноставно покрај неа го засакав вежбањето односно ги засакав тренинзите и со нејзината енергија и искажување направи да бидам редовна во вежбањето. ...

Прочитај повеќе

Елена Штерјовска, -10kg

Целосно посветени тренери, разбирање за секој поединечно, за секоја состојба на вежбачот (бременост, повреда, постпородилни ситуации...) Со нив сфатив дека нема оправдувања за невежбање, децата не се изговор, туку мотивација за подобар и поздрав род...

Прочитај повеќе

Ирена Арсовска, -10kg

Ме вратија во живот. Ако бев депресивна и незадоволна од се околу мене, сега сум полна енергија, ослабев и комплетно сменив исхрана. Но што е најбитно сум среќна,
и ги обожавам деновите кога вежбам и сум дел од еден прекрасен тим....

Прочитај повеќе

Ирена Лекиќ, -10kg

Ми помогнаа да се чувствувам позитивно и посреќно, релаксирана сум и имам подобар сон, заштитена е мојата меморија, ми се регулира крвниот притисок. Исто така, ги одржувам коските и мускулите и што повеќе го намалувам нивното оштетување, ми се зголем...

Прочитај повеќе

Николина Стрезовска Димиџијевски, -10kg

Тренирањето online со Елена не е воопшто лесно, но е многу ефективно. Вежбите ги опфаќаат сите групи на мускули и со тек на време се забележуваат резултати. Покрај вежбањето, Елена несебично ги постира нејзините секојдневни рецепти и ни помага/дава и...

Прочитај повеќе

Стефан Поповски, -10kg

Прекрасно искуство, позитива на денот. Кога и да не ти е денот како што треба, вежбаш со Атанас и Елена и се чуствуваш како нов човек. Посветени, страсни кон работата и многу љубов во сето тоа што го прават....

Прочитај повеќе

Иван Џашиков, -10kg

Елена и Атанас ми помогнаа во целосна промена на животниот стил и одново изучување на здрави животни навики. Нивната целосна посветеност спрема вежбачите и желба да променат што повеќе животи на позитивно, се огромна инспирација! Флексибилноста што ј...

Прочитај повеќе

Христијан Пејковски, -10kg

Елена и Атанас првично ми помогнаа да го сместам вежбањето во моето секојдневие и истото да претставува еден вид на издувен вентил (физички и психички) и секако квалитетно време одвоено за себе. Да направам дистинкција помеѓу тоа што е здрава, а што ...

Прочитај повеќе

Марко Филиповски, -10kg

Сметам дека се професионалци во тоа што го прават.
Се трудат да ги пратат сите до еден и воедно и да ги корегираат/советуваат за техниката.
Тренинзите се разновидни со различен фокус во различни периоди, а понекогаш има и активности шт...

Прочитај повеќе

ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ

Healty.Me е фитнес платформа создадена од Елена Бубало, долгогодишен фитнес инструктор и персонален тренер кој работи со групи и индивидуалци повеќе од 15 години. Платформата претставува можност за работа со Елена Бубало и нејзиниот тим преку вежбање по нејзиниот добро познат тренинг систем Тотал Боди кој што им даде и им дава резултати на повеќе 5000 жени, мажи, девојки и момци во последните 15 години, целосно онлајн и во сопствен ритам и можности. Платформата содржи голема база на фитнес тренинзи и идеи за здрави нутритивни оброци кои редовно се надополнуваат и растат во број на неделна основа. При зачленување на платформата секој корисник добива конкретни насоки како да се пронајде на платформата и како да го започне своето фитнес патување се со цел максимални резултати во најкус можен рок.

Доколку имаш висока динамика во денот, немаш многу време за организирање и не можеш да посетуваш сала за тренинг физички не зависно дали си почетник или напреден вежбач, платформата Healty.Me секако е за тебе. Тренинзите се адаптирани за секое ниво на подготвеност и за сечија динамика на живеење (тренинзи on demand чиј што ритам сами го одредувате) кои нудат можност да ги вежбате било каде и во било кое време со многу малку или воопшто без опрема.

За да се претплатите треба да поседувате валидна дебитна или кредитна картичка (Master Card & Visa) со која можете за вршите онлајн плаќање. За да платите и да бидете дел од платформата мора да се регистрирате со вашиот емаил (кориснички профил) и да креирате лозинка. Плаќањето е целосно безбедно и се спроведува во неколку брзи чекори. Доколку плаќањето е успешно вие ќе добиете инстант потврда од нашиот систем за успешно плаќање и ќе бидете директно пренасочени на вашиот кориснички профил. Со моделот на месечна претплата добивате неограничен пристап до целосната содржина на платформата Healty.Me вклучувајќи ги сите веќе постоечки тренинзи и идеи за оброк, како и сите нови кои се додаваат секоја недела, достапни во секое време додека е вашата претплата активна. Добивате јасни насоки каде да почнете и редовна контрола и менторирање во процесот, пристап до најголемата Discord заедница за поддршка и споделување искуства, покана до предавања за исхрана и паметно тренирање со ексклузивна покана само за членовите на платформата и Q&A сесии лично со Елена Бубало.

Месечната претплата чини 1199 денари и е систем на автоматска наплата што подразбира автоматско повлекување на средства од вашата платежна картичка секој месец на денот на уплата (доколку сте уплатиле на 10ти во месецот првиот пат, секој месец на овој датум системот автоматски ќе ви наплата претплата за новиот месец)

Со месечната претплата од 1199 денари (наплата се врши секој месец автоматски) добиваш пристап до целата содржина на платформата, сите програми 120+ тренинзи, сите идеи за оброк 120+, дискорд заедница и предавања за исхрана и Live Q&A сесии, сето ова достапно додека е твојата претплата активна. Вежбаш според конкретно одреден пат персонално за тебе, според твоите можности и динамика, со детален опис од каде да почнеш и ја следиш програмата која има прогрес од тренинг во тренинг.

За да започнете ви треба само простор не поголем од 8м2 и добра волја :) Во некоја подоцнежна фаза добредојдени се и сет од еднорачни тегови.

На почеток на твојот кориснички профил ги добиваш програмите:
• Postnatal (8 Тренинзи) – за тазе породени мајки или жени/девојки кои немаат воопшто вежбано претходно, или правеле поголема пауза.
• Total Body Workout Vol.1 (12 Тренинзи) – идеална за почетници кои сакаат да постигнат супер резултати преку полесни тренинзи и послаба динамика
• Total Body Workout Vol.2 (12 Тренинзи) – програма наменета за по напредни и редовни вежбачи која ги максимизира резултатите.
• Basic Male Vol 1 (12 Тренинзи) – програма наменета за мажи која е создадена за поставување на основа за подинамични фитнес тренинзи и програми
• Travel Program (8 Тренизни) – за оние кои често патуваат или за деновите кога сме на одмор, викенд, службено патување и сакаме да останете во форма.
• Yoga smooth (10 Тренизни) – програм кој ќе ти помогне да го смириме умот и телото, да ги поврземе меѓу себе и ќе те научи како правилно да дишеш
• Mobility Flow (5 Тренинзи) – подобрување на флексибилноста и отпорноста на телото е фокусот на оваа програма која е снимена на прекрасна локација во природа
• Видеа за истегнување и загревање

Како да се одлучиш од која програма да започнеш и по кој редослед да ги следиш тренинзите:

1. ТАЗЕ МАЈКИ

Почнувате од пoстнатал програмата која е наменета за почнување веднаш после породување, поточно после првиот гинеколошки преглед. Тоа не се тренинзи кои ќе ве измачат и препотат, туку вежби и тренинзи кои полека ќе го враќаат телото во функција. Вежби со кои ќе се намалат болките во грбот (кои потекнуваат од лош сон, доење и држење на бебето), ќе ја зацврстат мускулатурата и ќе ви дадат повеќе енергија во денот. Тренинзите се кратки и доволни за тој период. Безбедни се и содржат вежби кои помагаат во затворање на абдоминалните мускули, се работат со мали килажи кои ќе помогнат во тонизирање на мускулите. Да се запази редоследот на трензините како што се набројани, може да вежбате и до 5 пати неделно колку што вие имате време. Штом го почувствувате телото појако, тогаш преминувате на Total Body Workout Vol 1.

2.ПОЧЕТНИЦИ (мажи и жени)

Доколку сте почетник, многу е важно да се изведуваат вежбите правилно и да се научат основните движења. Затоа почнувате од програмата Total Body Workout Vol. 1.
Тренинзите ги правите по ред од Тренинг 1 до Тренинг 12, вежбате минимум 3 до 5 пати неделно. Интензитетот и темпото мора да бидат ваши, јас вежбам со вас за време на тренингот, но тоа не значи дека треба да вежбате со мое темпо.
Треба да се вежба внимателно и да се слушаат убаво сите објаснувања и заменски вежби. Понудена е и опција за дополнителни заменски вежби, кои ги доставуваме до секој од вас поединечно зависно од потребите. Тренинзите ќе ви го променат вашиот животен стил, вежбањето ќе ви стане дел од секојдневието. Тренинзите се за целото тело, затоа што кога почнуваме да вежбаме важно е да го инволвираме секој мускул и полека телото да го носиме во една активна функционална состојба. Во зависност од тоа како се чувствувате по последниот тренинг, може да се вратите уште еднаш да ја поминете целата програма со покачување на килажата или да преминете на Total Body Workout Vol.2

3. АКТИВНИ ВЕЖБАЧИ (мажи и жени)

Доколку сте активни вежбачи но сакате да ги смените тренинзите и да почнете да вежбате со мене, тогаш започнувате со Total Body Workout Vol. 2 . На број 12 тренинзи, со среден интензитет кој може да се прилагоди индивидуално. Вежби и тренинзи за целото тело, но со поголем фокус на нозе и задник. Тренинзите треба да се прават по ред почнувајќи од Тренинг 1, се вежба од 4-5 пати неделно. Имате достапни две опции во оваа програма, едната односно Опција 1 е пократка, Опција 2 е подолга за 10 минути и за некои вежби има потешка варијанта.
Активните вежбачи можат во својата неделна рутина да ја вметнат и Travel програмата, и тоа по еден тренинг секоја недела, тоа се интензивни body weight тренизни кои ќе ви дојдат многу убаво за промена и секогаш кога ви недостасува тренинг. Секоја недела следуваат нови 2 тренинга кои се продолжение на Vol 2 програмата. Затоа запазете го редот на програмите и тренинзи.

Поточно редоследот да биде:
1. Postnatal
2. Тotal Body Workout Vol 1
3. Тotal Body Workout Vol 2
4. Travel Program
Слободно повторете програма, направени се да може да го направите тоа и да имате придобивка и резултат.
Јогата и тренинзите за мобилност вметнете ги еднаш до 2 пати неделно во зависност од вашите можности, многу се важни за да бидете подобри во соодветната програма која што ја вежбате.

Започни 7 дена тест период

И понатаму не знаеш дали е ова за тебе? Те частиме 7 дена бесплатна проба - ако се инспирираш да станеш најдобрата верзија од СЕБЕ, те чекаме да ни се продружиш!

последни новости

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit, sed do eiusmod tempor incididunt ut labore et dolore magna aliqua. Ut enim ad minim veniam, quis nostrud

Прочитај повеќе

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit, sed do eiusmod tempor incididunt ut labore et dolore magna aliqua. Ut enim ad minim veniam, quis nostrud

Прочитај повеќе

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit, sed do eiusmod tempor incididunt ut labore et dolore magna aliqua. Ut enim ad minim veniam, quis nostrud

Прочитај повеќе

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur

Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit, sed do eiusmod tempor incididunt ut labore et dolore magna aliqua. Ut enim ad minim veniam, quis nostrud

Прочитај повеќе