Тренинзи за Април 2024 – Workout plans –

Тренинзи за Април 2024

Lifetime access

10

Тренинзи од Елена Бубало

Средно

ниво на интензитет

50

здрави рецепти

2,980+

заедница на discrod

Тренинзи за Април 2024

01

Set up some tempo

Иницијалниот тренинг од оваа група на тренинзи ќе го поствиме темпо движењето кое ќе ни биде од голема помош низ тренинзите кои што ни следат бидејќи на овој начин можеме да тренираме со тежини кои ни се комотни, но сепак ќе не предизвикаат со самото тоа што ќе ги движиме бавно. Дадете си време да правилно го совладате движењето во темпо и уште одма ќе ги видите неговите ефекти.

02

Push pull basics

Генералнo механизмите на нашиот мускулно-скелетен систем можеме да ги поделиме на оние што буткаат и оние што влечат. Земајќи го истово во предвид на овој начин можеме да правиме комбинации помеѓу нив како би добиле систем на вежби со кои поефективно ќе го искористиме времето за тренинг, а притоа да не изгубиме од сила и елан. Имајте го ова во предвид кога ќе го правите овој тренинг.

03

40/20 the classic

Интервали во трање од 40 секунди се денес на планк каде ќе пробаме да го задржиме интензитетот кај сите овде инволвирани. Одлична комбинација на јадро која навидум лесна ефектот го покажува некаде на втората серија и никако да олабави се до самиот крај. Загрејте добро претходно и следете го тренерот. Забавата нема да изостане.

04

6+6+6…

Одличен ден за тренинг на горен дел на тело ќе биде денес, верувајте во најавата. Почнуваме малку и наивно со мали сетови но иако мали многу моќни и тешки доколку вистински се потрудиме.
Рацете и горниот дел на телото на повеќето од нас ни се не толку јака страна па еве шанса тоа да го промениме вистински.

05

Adds up!

Има системи на адаптација кои се со фиксиран опсег на повторувања и мораме како такви да ги задржиме како би добиле соодветен стимул на мускулатурата која е афектирана, но затоа на делот со аеробен (кондициски ) стимул можеме да си поиграме како би едноставните сетови ги направиме позабавни. Затоа кога ќе се најдете пред ваков момент дајте му темпо и уживање до максимум. Забавата може да почне.

06

“Trust” the process

Подигнување на колковите со тежина или попознато како "hip thrust" е вежба која секој кој сака да има комплетен тренинг систем околу нозете и колковите мора редовно да ја практикува. Ова е механика која е моќна да произведе огромна количина на снага и мораме да знаеме како да ја употребиме. Начин не е еден но стимулот е вреден. По ова нема ништо што ќе ви се чини невозможно.

07

5×5 строго сила

Повторно концептот кој е докажан дека е совршениот спој помеѓу градење на сила проследен со хипертрофија од истата мускулна група. Иако можеби ќе дојдете до вториот дел поуморни отколку претходно веќе тешкиот дел ви е завршен и може да продолжите со за нијанса понамалено темпо но сепак посветено. Резултатите доаѓаат многу брзо.

08

30-ка за кардио

Дојдена на мени за денес е убава кардио сесија која верувам многу од вас со нетрпение jа очекуваат. Земајќи ja предвид големината на бројот на повторувања на секоја од вежбите неопходно ќе биде да се направи план од старт и да се држиме до истиот, иако можеби при крај на тренингот тоа нема да биде лесно.
Фатете добар и ритем и уживајте во оваа интезитетна сесија.

09

Low to moderate intensity work

Сите знаеме дека градењето на силата на нашето тело би требало да е примарно и сите да се стремиме кон тоа. Но не би требало да му се даде помала важност на кардио-респираторниот систем бидејќи тој му е неодвојна база на истиот и од големо значење. Затоа секој тренинг го завршуваме со малку повисок интензивен дел. За денес задачата ќе биде да се задржиме во делот на среден интензитет и истото тоа да го правиме цел тренинг. Добро подгответе се и без пауза.

10

The Eastern block

Ние како тренери со повеќегодишно искуство во сферата на рекреативниот фитнес имаме начини и методи кои се добро покажани дека функционираат и градиме врз нив системи како би добиле стимул што е можно подобар и во пократко време. Многу од тие системи и вежби токму потекнуваат од истокот и го издржале тестот на времето па затоа и називите ги следат до ден денес. Еве нешто и ново да научиме.

насоки за вежбање

Започни 7 дневен
free trial

Приклучи се бесплатно и пробај.

ПРЕПОРАКИ И РЕАЛНИ

Успешни Приказни

Наташа Шопова

Прочитај повеќе

Ивана Андоновска

Прочитај повеќе

Ана-Марија Трајковска

Прочитај повеќе

Ирена Гроздановска

Прочитај повеќе

Елена Штерјовска

Прочитај повеќе

Ирена Арсовска

Прочитај повеќе