Тренинзи за Август 2024 – Workout plans –

Тренинзи за Август 2024

Lifetime access

8

Тренинзи од Елена Бубало

Средно

ниво на интензитет

50

здрави рецепти

2,980+

заедница на discrod

Тренинзи за Август 2024

01

Лесно како 1-2-3

Три тројки на вежби секоја засебно логична но во комбинација со останатите пеколна. Еден од омилените на многумина од вас тренинг за цело тело ве очекува да ве раздрма и остави без здив на крајот. Влезете брзо и агресивно и за брзо очекувајте го ударот. Ова нема да е лесно ни малку но знаеме дека така и највеќе го сакате.

02

Спротивната 9-15-21…

Психичкиот момент на тренирањето никако не можеме да го одвоиме од физичкиот и токму затоа и даваме вакви ментални игри. Овој аспект на тренирањето на секој му е потребен и може многу од истиот да научи ако го прифати како таков и даде максимум на секое поле. Верувајте адаптацијата на ментално ниво е сериозна работа и треба да се тренира често.

03

За малку позабавна Табата

Клучот на денешниот тренинг е да сме подготвени да почнеме без разлика колку и да сакаме да си ја продолжиме паузата за уште некоја секунда. Телото прво откажува послушност и дава сигнали да застанеме, но отпорноста е токму тука да продолжиме иако секоја клетка во нашето тело вреска да застанеме. Имајте го ова на ум и пробајте го, по завршување на тренингот ќе сфатите за што зборуваме.

04

Сила во горен дел

Нема бегање од тренингот за грб бидејќи како што сме кажале многу пати досега не смееме да го пропуштиме бидејќи таму лежи основата на нашиот систем. Загрејте добро и не се плашете да земете поголема тежина. Тоа што пред некој месец изгледале невозможно можеби токму денес ќе е лесно и ќе ве изненади.

05

Дајте пауза!

Долгите интервали никогаш не треба да ги потценуваме од нивната потецијална моќност да не доведат до максимумот на издржливоста и да едвај ја чекаме паузата за да здивнеме. Клучна улога тука ќе е темпото па затоа од старт поумерено. Дозволете да ви се покаже вистинското темпо само и тогаш нагазете.

06

На минута

Секогаш кога сакаме да направиме доволно интензитет, а притоа да не го намалиме темпото користиме некој вид на интервали кои ни помагаат колку и да сакаме да намалиме да останеме присебни. Па така и овој пат комбинацијата е со акцент на долен дел со мали и условно кратки одмор партии. Уживајте!

07

Колку можеш да издржиш

Менталната игра е аспект кој често го користиме за да го интензивираме ефектот од тренингот покрај физичкиот од уште еден исто така важен аспект. Многу често мислиме дека многу помалку можеме од вистинските наши можности па затоа денешниот тренинг има ваква нота. Останете присебни и очекувајте самите себе да се изненадите.

08

Едно по едно

Симпатична прогресија која времето ќе го релативизира и ќе направи тренингот неосетно да помине. Ќе има и малку потешки технички елементи но мора да наоѓаме начин како да ве адаптираме дури и најјаките помеѓу вас. Секогаш тука се и соодветните замени но никако откажување без да се проба.

насоки за вежбање

Започни 7 дневен
free trial

Приклучи се бесплатно и пробај.

ПРЕПОРАКИ И РЕАЛНИ

Успешни Приказни

Наташа Шопова

Прочитај повеќе

Ивана Андоновска

Прочитај повеќе

Ана-Марија Трајковска

Прочитај повеќе

Ирена Гроздановска

Прочитај повеќе

Елена Штерјовска

Прочитај повеќе

Ирена Арсовска

Прочитај повеќе