Тренинзи за месец Декември 2022 – Workout plans –

Тренинзи за месец Декември 2022

Lifetime access

8

Тренинзи од Елена Бубало

Високо

ниво на интензитет

50

здрави рецепти

2,980+

заедница на discrod

Тренинзи за месец Декември 2022

01

Strong legs and powerful core

Уште еднаш за сите оние кои се дружиме претходно познатата 21-15-9 комбинација. Има нешто посебно во овие броеви кои навидум толку наивно изгледаат а сепак се "пеколно" тешки. Ако првпат се среќаваш со оваа комбинација немој да се залажуваш. Дај го должното почитување и уживај во магијата. Супер контрастна комбинација ќе ве држи во акција со супер ефект кој ќе следи по завршувањето!

02

Upperbody and cardio session

Овие 20 или 30 минути во зависност како се чувствувaте и колку сте физички подготвени ќе ги посветиме на горниот дел на телото. Од реквизити ви се потребни една кутија или стол и објект за свингови. За да му дадеме малку елемент на различност секоја серија завршува со дел кој добро ќе го качи пулсот и ќе ве олабави од теретот на горниот дел како би продолжиле со новата серија за нијанса посвежи. Јакиот грб од далеку се познава!

03

3 sets x 5 rounds = strong back and glutes

Еве малку да поиграме математика! Три сета од пар вежби, перфектно комбинирани меѓу себе да може да ги правите со минимална
пауза во траење од 5 серии секој, ви го даваат резултатот на силен грб и уште посилни "глутеуси" или колкови.

04

Брзи јадро 30-ки

Оваа тренинг сесија ќе ја посветиме најмногу на делот на мускулатурата на јадрото каде преку интервали од 30 секунди и парови на вежби секој аспект ќе биде опфатен.
Нека не ве залажува краткото траење на интервалите и целото времетраење од само 5 минути по пар вежби, огромен предизвик ќе биде да се издржи и да се заврши целиот сет без пауза помеѓу.
Овој тип на тренинзи доволно се и еднаш неделно но ве предзивикуваме да пробате и почесто.

05

Leg Day Baby

За разлика од поголемиот дел на активната популација која често го избегнува денот за тренинг на нозе ние апсолутно го обожаваме. Ефектите од тренинг на нозете како голема мускулна група се недвосмислено докажани дека по нивната активација целото тело има ефект а секако тука е и чувството на добро завршена работа. И да повториме да не се заборави: Нозете се половина тело и сакаат сериозен предизвик како би ја добиле полната фукција од истите.

06

Upper Body Tabata

Системот Табата со неговите кратки работни интервали од 20 секунди и уште пократките паузи ни даваат супер можност со правилна комбинација на вежби да сработиме било која регија од мускулниот систем. Овој пат горниот дел е на мени. Одберете ја тежината соодветно бидејќи иако се кратки интервалите ќе биде борба да се издржат до крај. Бидете спремни и навремено почнувајте секој пат, 20 секунди брзо поминуваат па не сакате да губите од тренингот.

07

Extended 21-15-9

Добредојде назад 21-15-9. Повторно се навраќаме на оваа моќна комбинација на броеви која секогаш кога е на мени за тренинг не лаже од почеток за на крајот да блесне со полн сјај. Генерална употреба на целото тело со малку повеќе акцент на задниот дел овој пат ќе не држи под интензитет по кој чувството на исполнетост ќе биде присутно преку целиот ден. Загрејте добро доколку имате повеќе килажа за тренинг и почнувајте. Неизвесноста може да престане.

08

Додади само “2”

Типот на тренинг во кој повторувањата се зголемуваат како одминува истиот ни дава привид дека ќе биде релативно лесно.
Но врзете се за добро возење. На серијата од 8 почнува тренингот, се претходно е во насока на загревање. Штом почнат поголемите бројки веќе метаболичкиот стрес се насобира и не така лесно може да се издржи до крај на секоја рунда иако е само за две повторувања повеќе од претходната.
Пуштете го времето и пробајте да издржите без застанување до крај.

насоки за вежбање

Започни 7 дневен
free trial

Приклучи се бесплатно и пробај.

ПРЕПОРАКИ И РЕАЛНИ

Успешни Приказни

Наташа Шопова

Прочитај повеќе

Ивана Андоновска

Прочитај повеќе

Ана-Марија Трајковска

Прочитај повеќе

Ирена Гроздановска

Прочитај повеќе

Елена Штерјовска

Прочитај повеќе

Ирена Арсовска

Прочитај повеќе