8
Тренинзи од Елена Бубало
Средно
ниво на интензитет
50
здрави рецепти
2,980+
заедница на discrod
Го зголемивме лимитот!
Како не би заглавиле во опсег на повторувања и серии потребно е константно да менуваме па така овој пат ги наголемивме повторувањата и се задржи временската рамка. Иако сме на границата помеѓу сила и хипертрофија овој опсег на повторувања ќе ги предизвика сите без разлика на моменталната подготвеност силова или издржливост. Направете план од почеток и фаќајте се за работа.
Воведуваме новина: Супер сет!
Како што и знаете системи за тренирање има многу и секој од нив е добар се додека стимулот кој го очекуваме го добиеме на крајот. Затоа овој пат ќе искористиме супер сет од иста мускулна група кој сам по себе е многу моќен со адаптација и никого од вас нема да остави рамнодушен и неизвежбан секако доколку се придржувате кон насоките добиени од тренерот. Неопходно е да имате доволно пауза помеѓу сетовите во првиот дел бидејќи таму е магијата.
Back attack and core delight
Стандардната 9-15-21 комбинација овој пат малку ќе ја прошириме и превртиме. Големите серии со повторувања ќе ги правиме на почетокот за да завршиме поголем дел од работата и како поминува тренингот да е се полесно и полесно. Ова полесно земете го со резерва бидејќи добро ќе ве умориме дури стигнете до крајот.
Yet another tabata round
За сите љубители на интервалниот тренинг во случајов 20/10 системот или попознат како табата ве очекува уште една супер комбинација. Ништо повеќе нема потреба да се објаснува. Добро знаете што ве очекува па затоа добро загрејте се и пуштаме тајмер. Нема ништо подобро од нова трка со времето. Уживајте!
10.50
Екипа, нова комбинација со едноставен тек ќе го окарактеризира овој денешен тренинг со фокус на горен дел на тело. Бројки и сетови нема многу за паметење туку само 10 и 50. Десетките ќе ги посветиме на вежбите за раце и рамена, а пак пееските за малку јадро како би одмориле условно малку во сериите. Уште еден добар тренинг ве очекува, верувајте на зборот.
Double the set, double the fun
Два сета за работа денес. И двата агресивни во поглед на нозете и коковите. Секогаш кога имаме условно мал опсег на повторувања сакаме тежината да е таа која ќе ја направи целата разлика. Стимулот од тежина кога добро ќе се искомбинира во саканата регија има посебен карактер и единствено чувство не продолжен замор иако можеби дур вежбате тоа и не се чувствува така. Добро загревање е неопходно и право на тренинг. Чекајте ги придобивките.
Total body party
Вашите омилени тренинзи за цело тело се неизоставен дел од оваа тренинг програма бидејќи се докажало повеќе пати досега дека вистински функционираат. Ќе ги активираме скоро сите мускулни групи на еден нов начин искомбинирани каде издржувањето до крај на секоја минута ќе е вистински предизвик. Може да почнеме!
Држи до крајот!
Два дела, малку издршка и многу повеќе забава. Иако на прв поглед не изгледа како така верувајте штом почнеме веднаш ќе се убедите во истото. Фокусот е на горниот дел на тело и нашиот тренер ќе наметне вистинско темпо. Врзете се добро во седиштето, Ве очекува добро возење!
Приклучи се бесплатно и пробај.