Тренинзи за Февруари 2023 – Workout plans –

Тренинзи за Февруари 2023

Lifetime access

10

Тренинзи од Елена Бубало

Средно

ниво на интензитет

50

здрави рецепти

2,980+

заедница на discrod

Тренинзи за Февруари 2023

01

Само да дојде 100-ка!

Дојде и овој ден кога ќе треба малку на сила да се запне и да се заврши зададената задача. Големи бројки, долг список на вежби секоја различна... Сево ова ќе бара од вас волја да останете со тренерот и заедно на крајот да славите. Од самиот старт соодветно темпо. На секоја промена почнете веднаш, совршено подредениот концепт ќе направи да можете да продолжите без оглед колку сте уморни. Стисни старт и чекај да дојде 100-ката.

02

Oh my core

Фокус на денешниот тренинг е јадро, како и што ќе претпоставите од насловот. Првиот дел е составен од неколку 10-ки кои ќе треба да ги ротирате колку може пати во однапред дефинираниот временски интервал во зависност од тоа колку сте подготвени да издржите сериозен третман на јадрото. За вториот дел се менува малку концептот и ќе има минутни интервали со зададена цел на повторувања и малку повеќе покачен пулс за да се комплетира тренингот. По првиот дел се натака ветуваме е полесно.

03

Тајната на 8-цата

Комбинацијата на долен дел (читај нозе) со интелигентно вметнати вежби за јадро ги прави овие 8-ци супер тешки за да се задржи темпото наметнато од почетокот. Тука трикот е едноставен, теретиме голема мускулна група па кога ќе се префрлите на вежбите за јадро никако не може да не приметите дека истите се супер тешки. Тоа е благодарение на нашиот систем кој пробува да одмори од теретот на нозете. Имајте го ова на ум, навидум лесна комбинација се чини супер тешка

04

“Лесни” 3 минути

Веќе сигурно од насловот на овој тренинг знаете дека нема да е лесно ништо од овој тренинг. Добро можеби само паузата помеѓу сетовите но сепак. Таргет на горниот дел на телото за 3 минутни интервали за жал без пауза помеѓу. Движете се со константно темпо од старт па се до крај и уживајте со завршната вежба која треба да ви даде енергија за до почнете одново. Дајте му на горниот дел на телото третман како што заслужува.

05

“3х1” па малку пауза

Овојпат бидете спремни со тајмерот при рака, бидејќи ќе ви биде најдобриот другар во следнава тренинг сесија. Посебен акцент нема да има туку целото тело ќе го опфатиме и очекуваме доста да сработи. Не се штедете и дајте го својот максимум. Колку и да личи на почетокот тешко секој еден од вас може да остане и до крај да се бори. Ваше е само да одберете колку ќе трае и да уживате во придобивките.

06

Happy days on the horizont

Очекувањата од тежок тренинг за нозе никогаш не потфрлаaт кога се 20-ки на менито. Осигурана хипертрофија е она што би требало да го очекувате и да ги собирате плодовите од истата. Девојките со сигурност ќе се радуваат, а за момците само едно да потенцирaме: силните нозе се основа на целиот систем.
P.S. Never skip leg day!

07

Скалесто нагоре па надоле

За овој тренинг ви подготвивме една "скала" која ќе го оптерети горниот дел од мускулатурата на телото со суптилно внесени елементи на јадро кои ќе му дадат ведрина на истиот. Почнувате со мал број на повторувања, постепено зголемувате до средината на серијата и назад повторно. Темпото е клучно кога е ваков систем на менито па затоа паметно од самиот почеток.

08

Дајте “BURPEES”

За овој тренинг освен потребните реквизити за вежбање ќе треба и малку повеќе да сте присутни со вниманието бидејќи бројот на повторувања се менува од серија во серија и тоа различно за секоја вежба. Иако сите засебно имаат логичен ред на намалување ќе треба да се екстра внимателни да не направите забуна па да треба да повторите некоја серија со брпис. Дајте доволно внимание и наградата на крајот од завршена добро работа е тука.

09

Cardio blast

Три високо интензивни сетови ќе го донесат на тест вашиот аеробен систем и неговата издржливост на максимум. Почнуваме и завршуваме со два кратки делови од по две вежби но во средината е изненадувањето. Нека не ве заплашува овој вовед, веќе сте доволно подготвени и овој тренинг успешно и силно да го завршите. Пуштај видео!

10

“TABATA” style training for likes

На ваше барање, а наше задоволство, повторно се дружиме со добро познатиот табата систем. Четири а за похрабрите и пет табата задачи ќе ве спроведат низ овој тренинг. Нема да остане дел од телото нетретиран така што без претходни планови. Следете го вашиот тренер и заедно уживајте. Да потсетиме, од огромна важност е да сте спремни навреме за секој интервал бидејќи нема време да се играме.

насоки за вежбање

Започни 7 дневен
free trial

Приклучи се бесплатно и пробај.

ПРЕПОРАКИ И РЕАЛНИ

Успешни Приказни

Наташа Шопова

Прочитај повеќе

Ивана Андоновска

Прочитај повеќе

Ана-Марија Трајковска

Прочитај повеќе

Ирена Гроздановска

Прочитај повеќе

Елена Штерјовска

Прочитај повеќе

Ирена Арсовска

Прочитај повеќе