Тренинзи за Февруари 2024 – Workout plans –

Тренинзи за Февруари 2024

Lifetime access

8

Тренинзи од Елена Бубало

Средно

ниво на интензитет

50

здрави рецепти

2,980+

заедница на discrod

Тренинзи за Февруари 2024

01

“Убиствено” дуо

Комплет од два сета, исти по стимул, но различни интервали имаме зготвено во нашата кујна денес. Најпрво фокусот ќе го поставиме на малку тежинска основа да го активираме долниот па горниот дел од телото со единствено својата тежина за да во вториот дел истиот се префрли на јадрото. Може да ветиме дека ве очекува добар тренинг, а ваше е да го направите и да ни пишете впечатоци од истиот.

02

Кардио сесија

Ако судиме по насловот овој пат подгответе се за чиста кардио сесија кои многу од вас ги чекаат со нетрпение. Техничкиот момент како двојното подигање на топка ќе ве држи фокусирани на изведбата но пулсот во ниеден момент од почетокот нема комплетно да се врати назад. Останете да движите се до паузата за да ефектот биде неизбежен и да го добиете она чувство од добро завршена работа.

03

Малку напред малку назад

Исто колку што е важна мускулатурата што се гледа однапред на телото, исто толку е важна и онаа позади која всушност е носечкиот столб на нашиот мускулно скелетен систем. Па затоа и инспирацијата на денешниот состав да биде со оваа насока, димензинирана во интервали од 30 секунди во два поголеми сетови. Прво загревање и активација на јадро за во вториот дел сила.

04

Full body attack

За рекреативните спортисти како што се најголемиот дел од нас онаа класична поделба по мускулни групи по денови и да не е толку актуелна бидејќи опоравокот на мускулатурата и нервниот систем не се така големи па можеме почесто, неколку пати во неделата да ја тренираме истата група. За овој тренинг ви подготвивме комбинација за целото тело во која сме убедени дека ќе ви се допадне.

05

Go heavy or go home

Како по навика секогаш кога имаме тренинг за нозе и долен дел на тело очекуваме од вас да се себемотивирате и посегнете по малку поголема тежина како би го добиле стимулот кој ние сме го замислиле за вас. Почнуваме со мали сетови скоро и како да се загрееме за да понатаму во тренингот работите да станат многу посериозни. Не заборавајте го загревањето и дајте максимум.

06

Jumpy jumpy

Еве една убава игра за денес. Системот ќе го започнеме секоја серија со голем број на скокови на јаже или пак со високи колена и на крај на секоја серија од овие ќе вметнеме малку предизвик на целото ваше тело. Насоката е да држите што е можно побрзо темпо на почетокот на секоја рунда за на крајот да финиширате со условно мала пауза. Доколку не сте фан на скокањето јаже еве добра прилика да го засакате.

07

Two, three or four

Еве за денес на менито ви подготвивме неколку убави големи серии кои ќе ве држат ангажирани и со неизвесност се до крајот на истите. Комбинацијата е насочена кон горниот дел на телото со мали примеси на јадро и истата ќе направи да се чувствувате сериозно силни на крајот од тренингот. Засукајте ги ракавите и право на работа. Секогаш се наоѓаат силни раце од корист.

08

Determination

Во денешниот тренинг вашиот фокус и одлучност ќе ги ставиме на тест. Вака сериозен "chipper" немало одамна во нашата програма па затоа ќе очекувме од сите вас да се поставите на висина на задачата. Секоја вежба и опсег на повторувања е изводлива, се разбира доколку доволно сакате. Не заборавајте менталната игра е таа кој секогаш победува па така и овој пат. Bring up the mental game!

насоки за вежбање

Започни 7 дневен
free trial

Приклучи се бесплатно и пробај.

ПРЕПОРАКИ И РЕАЛНИ

Успешни Приказни

Наташа Шопова

Прочитај повеќе

Ивана Андоновска

Прочитај повеќе

Ана-Марија Трајковска

Прочитај повеќе

Ирена Гроздановска

Прочитај повеќе

Елена Штерјовска

Прочитај повеќе

Ирена Арсовска

Прочитај повеќе