8
Тренинзи од Елена Бубало
Средно
ниво на интензитет
50
здрави рецепти
2,980+
заедница на discrod
Долги 30 секунди
Теоријата на релативност овој тренинг вистински ќе ја ставиме на тест. Навидум кратките 30 секунди овој пат ќе се предизвик за дури и најупорните. Сумата од 2 минути движење без престан е навистина невозможна доколку не се познавате доволно себе и вашите физички можности. Но, не се обесхрабрувајте. Секогаш очекувајте да го подигнете вашиот максимум. На крајот тоа е вистинската поента на упорноста и посветеноста.
30-ки за убави нозе
Можноста овој трениниг да погрешите со повторувањата на вежбите скоро и да не постои. Фиксни 30-ки ќе бидат главната тема на овој тренинг. Фокусот ќе е на нозете и задникот како главни двигатели на нашиот мускулен систем, па покрај тоа и изгледот на истите како гратис момент. Навидум бавен за изведба но очекувајте висок пулс поради употребата на голема мускулатура од телото. Уживајте и радувајте се на резултатите.
Само добро темпо
Три комбинации од по три вежби внимателно одбрани и поделени по оптеретување се тип на тренинг кој ве очекува.
Првиот дел го таргетира задниот ланец на мускулатурата, вториот е аеробен дел со активирање на цело тело за на крај се посветиме комплетно на јадрото. Одберете високо темпо и не попуштајте до крајот на интервалот.
Sorry but not sorry
Насловот кажува се! Штом го погледнете описот на тренингот на прв поглед ќе изгледа невозможен, но верувајте намерата е токму таа. Бидете спремни колку и да сте уморни да почнете навреме со секој интервал без разлика на времетраењето и чекајте ја добро заслужената пауза. Останете и заедно со тренерот извојувајте ја оваа битка.
Пирамида
Овде поставуваме временска рамка во која ваша задача е да направите колку е можно повеќе серии и повторувања. Се почнува од 10 па малку наголемуваме со повторувањата па пак назад. Намерата со оваа комбинација е да зададеме помалку повторувања од потешки вежби и обратно, повеќе повторувања од полесните. Оваа навидум интересна игра ќе ве држи под тензија од почетокот до крај.
Six Sixes
Иако изгледа права ѓаволска работа овој тренинг не сака да ви наштети. Напротив, намерата на истиот е да ве направи појаки и поиздржливи. Секоја вежба е намерно поставена да се добие ефектот на еден огромен суперсет за рацете и стимулот е повеќе од очигледен. Силните раце се нешто што секому се потребни па еве и посветен тренинг за нив. Одберете ја тежина соодветно и дајте се од себе.
Погодивте, нова мешана Табата!
Класичен систем на интервален тренинг со 20 секунди работа и 10 пауза помеѓу со брзи промени и висок интензитет. Како и до сега, истите правила важат за игра. Бидете спремни да почнувате секој интервал на време како не би изгубиле од времетраењето на самиот интервал и нема откажување до крај. Употреба на целото тело во разни позиции и движење за додадена забава во тренингот.
Legs con(de)struction
И да, дами и господо, нозе на менито денес. Така едноставен, а сепак комплексен склоп за движење кој што денес ќе го истретираме од секој можен агол и страна. Одберете тежина што можете безбедно да ја движите и секако да ве предизвикува бидејќи вака силен комплекс на движење му треба посериозна тежина да го натера на адаптација. Овој тренинг акцентот поставете го на правилно изведување, а не на повеќе повторувања. И да повториме: Никогаш доволно тренинг за нозе :)
Приклучи се бесплатно и пробај.