Тренинзи за Јануари 2024 – Workout plans –

Тренинзи за Јануари 2024

Lifetime access

10

Тренинзи од Елена Бубало

Средно

ниво на интензитет

50

здрави рецепти

2,980+

заедница на discrod

Тренинзи за Јануари 2024

01

“Flush”

Шемата од повторувања во денешниот тренинг сите вас кои сте играле карти ќе ве потсети на една "добра рака". Но тука нема да има игра карти туку игра за нозе, и тоа многу сериозна. Тренингот за нозе никогаш не смее да се потцени бидејќи можете многу да погрешите. Затоа внимателно со загревањето и сериозно со задачата. Потенцијалот е огромен.

02

Двојна скала надолу

Денес на мени ви сервиравме двојна скала надоле од супер комбинации на јадро со убава доза на кардио. Од загревање доволно ќе е добро да се раздвижите и без размислување почнувајте. Чувството на добро завршен тренинг не може ништо друго да го замени. Па нели и затоа сме тука, да добиеме уште една доза на разбудени хормони на среќа.

03

10-ка со зачин

Малку понестандардна 10-ка ви сервиравме овојпат, но тешко вкусна до максимум. Овие навидум лесни вежбички ќе ви дадат лажна надеж дека можеби овој тренинг ќе го поминете лесно, но ако досега немате стекнато искуство да предвреме оцените колку може да биде тежок тренингот пред да почне баш ни е криво. Ве оставаме со уште една нова ментална игра.

04

Суптилна прогресија

Играта на бројки ја сакаме многу и често ја употребуваме во нашите тренинзи единствено затоа што му дава доза на забава на тренингот и тој побрзо поминува. Иако овде очекуваме да грабнете озбилна тежини и да нагазите баш само онака како ние што ве учиме. Нема назад. Загревајте и право на работа. Плодот на редовноста не може да изостане.

05

7 of heaven

Употребата на разни реквизити и елементи во тренирањето ни даваат за опција да си играме со различни компоненти и насоки. Целата поента на овие промени е да ги избегнеме така наречените застои во прогресијата на тренирањето кои лесно може да се појават доколку не сме инвентивни и постојано променливи со стимулот. Иако наивно изгледа вака напишан тренингот воопшто не е верувајте. Дајте му доволно енергија на почетокот и пробајте завршете силно, ова со сигурност нема да е лесто.

06

2 minutes than some rest!

Колку може да е тешко да се извежба 2 минути па да се одмара? Еве ви прилика да дознаете но немој да кажете дека ова вака не сте го очекувале. Како и до сега намерата е да сме што е можно поагресивни во секоја вежба и го дадеме максимумот па да се недеваме дека ќе се издржи до крајот. Подгответе се добро и одиме заедно да се дружиме на уште едно добро возење.

07

Сефте 100-ки

Дојде и тој ден кога решивме дека е доста зезање и сте веќе спремни. Спремни за 100-ки! Тука најмалку е физичкиот момент битен туку разликата ќе ја наприви секој еден до вас кој има железна воља. Не се откажувајте од старт па на полесната варијанта да почнувате. Фатете ги стотките па да видите од што сте направени.

08

8-ци за промена

Мали бројки по вежба но тоа денес значи дека тежината ќе игра главна улога. Почнете со загревањето лесно и дојдете до посакуваните тежини и веќе сте подготвени за старт. Најголем фокус на изведбата на вежбите ќе ви овозможат супер "aftеr efect". Веруваме дека сме ви покажале како би требало да изгледа еден добар тежински тренинг па останува само да уживаме.

09

Прво тешко потоа малку полесно

Секогаш сакаме да ја нагласиме насоката за тоа дека тежината не треба да ве плаши и доколку механиката на движење дозволува треба да се обидуваме да подигаме товар. Истиот случај е и со денешниот тренинг каде тежината ќе ја има главната улога за стимулот кој сакаме да го добиме. Обавезно добро загревање на почетокот и дајте се од себе.

10

Ѕидот ја прави играта

Како и што најавува насловот за да ја видите правата убавина на денешниот тренинг ќе ви треба малку храброст. Делот превртени наопаку за многумина од вас е навидум страшен, но верувајте со малку упорност се е можно. Држете го јадрото ангажирано цело време и полека со мали чекори нема ни да осетите кога сте се поставиле комплетно наопаку. Штом оваа позиција ќе ја завладеете има нешто магично во истата. Останува само да се охрабрите.

насоки за вежбање

Започни 7 дневен
free trial

Приклучи се бесплатно и пробај.

ПРЕПОРАКИ И РЕАЛНИ

Успешни Приказни

Наташа Шопова

Прочитај повеќе

Ивана Андоновска

Прочитај повеќе

Ана-Марија Трајковска

Прочитај повеќе

Ирена Гроздановска

Прочитај повеќе

Елена Штерјовска

Прочитај повеќе

Ирена Арсовска

Прочитај повеќе