Тренинзи за Јули 2023 – Workout plans –

Тренинзи за Јули 2023

Lifetime access

10

Тренинзи од Елена Бубало

Средно

ниво на интензитет

50

здрави рецепти

2,980+

заедница на discrod

Тренинзи за Јули 2023

01

Мала интервална забава

40/20 интервалниот сетап најчесто го употребуваме кога сакаме да го задржиме интензитетот иако доаѓаме близу до мускулното откажување. Генерално тренинг насочен кон горниот дел на телесната мускулатура со благи аеробни елементи ќе ве натера сериозно да се потрудите за да не застанете. Загрејте се соодветно и дадете му го потребното внимание на ова интервално комбо.

02

16 for the win

Случајно или не 16 повторувања по вежба денес се на мени. Останете доследни на планираното, соодветна пауза пред секој почеток и држете до крај. Понекогаш сами себе се изненадуваме за што се сме способни.

03

Power of “8”

8 вежби секоја по 8 повторувања и така 8 серии... На прв поглед ова личи на сосема нормална комбинација но не полагајте преголеми надежи. Овој тренинг кој за поспремните од вас има подготвено повеќе од 500 повторувања нималку не е наивен. Минимално време на преминот помеѓу вежби, очекувајте висок пулс и радувајте се. На крајот на денот нема повеќе лесни тренинзи, штом си до тука дојден само јако.

04

Most favorite game of all

За огромен дел од вас омилени, за помал дел тешки но како и да е неизбежни за сите. Тренингот за нозе и задник треба да е тежок и да ве потроши. На крај тоа е и најсилниот склоп на зглобови и мускули во нашето тело. Не се плашете да земете тежина и да одите бавно. Силовиот тренинг токму така и треба да изгледа. Останува да го сработиме заедно и да ги уживаме придобивките од истиот.

05

Hold on to dear “rest”

Терминот "само две минути" по овој тренинг ќе има комплетно друго значење. Пробајте подесете го темпото на тренинг да се движите две минути без престан. Многу искуство ќе биде потребно и се надеваме повеќето од вас ќе успеат. Транзицијата помеѓу вежбите е така направена да може да се продолжи но на тест тука ќе биде поставена само вашата воља и решителност. Без многу одоговлекување, Стисни старт и чекај ја паузата...

06

Доле горе возење

Доле горе е темата на овој тренинг, но иако на помал број некако 6-ките испаднаа потешки отколку што очекувавме. Подгответе се за добар терет на горниот дел со соодветна аеробна нишка. Како и што ветивме стигнаа овој пат и целосните "ХИНДУ" склекови па кој е расположен за предизвик повеќе од добредојдени сте. Држете темпо со нас и уживајте во уште еден тренинг за горен дел
на тело.

07

Just body weight day

Вашиот тренер за денес подготви едноставен тренинг од само вежби со сопствена тежина, но... Работите брзо излегоа од контрола и тренингот стана вистински предизвик дури и за оние силните во нозете. Ист број на повторувања имаат сите вежби, бар за тоа нема да имате потреба да се мислите, но да ги издржите до крај секоја од нив ќе претставува мини победа секој пат, секоја серија. Знаеме веќе сте нестрпливи па брзо почнувајте па ќе муабетиме покасно.на тело.

08

5, 10, 15 и така натаму

Почнуваме ситно, само со 5 повторувања од вежба и дур се свестите дошла 20-ката и едвај да се додржи до крај непрекинато. Среќа заедничка имаме мала условна пауза на секој сет, но при крајот скоро е да е неприметна. Генералниот фокус ќе ни биде на задната линија, но кога ќе завршите ефектот кој ве очекува е многу по опширен. Доколку имате околу вас и употребувате поголема тежина обавезно добро загревање и дајте се што имате.

09

20-ки за силна база

Уште еден напад на нозете и грбот ако може така да го наречеме денешниот тренинг. Сетовите по 20 повторувања ќе биде многу тешко да се издржат во еден налет, но пробајте може и ќе се изненадите од себе и тоа до каде сте стигнале. Загрејте се добро пред да почнете и нападнете агресивно. Затоа што стои старата: “no better day than leg day 😀”

10

“Deja vu”

Се е во ред со видот не грижете се. Не гледате тројно туку трите серии се со комбинација со исти број на повторувања. Фокусот е на горниот дел на телото, а пак должината на сериите е на вас сами да одберете. Најмалку 6 па се до најмногу 10 минути ќе ве предизвика дури и најсилните помеѓу вас. Внимавајте со изборот на тежините да успевате да ги завршувате вежбите непрекинато, а за темпото ќе треба да се потрудите малку. Интензитетот е тој кој преку темпото ќе ја даде убавината на овој тренинг. Засукајте ги ракавите и одиме

насоки за вежбање

Започни 7 дневен
free trial

Приклучи се бесплатно и пробај.

ПРЕПОРАКИ И РЕАЛНИ

Успешни Приказни

Наташа Шопова

Прочитај повеќе

Ивана Андоновска

Прочитај повеќе

Ана-Марија Трајковска

Прочитај повеќе

Ирена Гроздановска

Прочитај повеќе

Елена Штерјовска

Прочитај повеќе

Ирена Арсовска

Прочитај повеќе