10
Тренинзи од Елена Бубало
Средно
ниво на интензитет
50
здрави рецепти
2,980+
заедница на discrod
Исто како 60 секунди
Искусно испланирани сетови и број на повторувања е нешто што ја одликува нашата програма па ништо помалку немојте да очекувате и овој пат. Иако на прв поглед ќе ви изгледа можеби и нелогично не грижете се, по првата серија веднаш ќе ја видите логичноста и ќе почнете да грабите.
Наивни парови
Најдобрата одлика на интервалните тренинзи е тоа што комбинациите се неограничени и единствено останува да се изработи зададената и да се види моќта на истата. Охрабрете се и дајте овој пат и малку повеќе од што самите од себе очекувате. Којзнае можеби досегашната упорност веќе се исплатува и сте способни за многу повеќе од колку што мислите.
Тешки супер сетови
За денес ви имаме подготвено три симпатични комплети кои за некој што веќе подолго време е со нас од старт би требало да му е јасно дека воопшто не се наивни и не треба да се земат здраво за готово. Фатете приклучок со тренерот и дајте го вашиот максимум. Кој знае можеби и ќе се пронајде некој скриен талент на толку мака.
Денес немојте на раце
Полека полека би требало до сега да сме навикнати на овие супер тренинзи за горен дел на телото и да ги сакаме по ефектот кој следи по завршувањето на истите. Иако за многумина слаба регија не би требало да се занемари и остави не помината бар еднаш на неколку денови. И запомнете сите сме почнале од некаде и било тешко.
Пази на тајмерот
30 секунди за сите оние кои не вежбале интервали може и да не значат многу, но за нас се показател на супер динамичен тренинг со многу промени. Останете доследни на тајмерот и недозволувајте да ви избега ниту една секунда од вежбите. На крајот само мотивација е таа која победува.
Ви личи познато?
Уште еден по нас предобар тренинг кој сака тежина да употребите за да го почувствувате неговиот полн потенцијал. Секој тренинг за грб е таков да формата е примарна за грижа па се останато понатаму. Загрејте добро, со големи тежини нема играње.
3 сета, многу игра
Три дела тренинг за денес така да сме со план да направиме мала дружба и попатно да уживаме во фитнесот. Комбинации кои ќе го опфатат целото тело во класиката 45/15 ќе ви дојде повеќе од добро овие денови.
Нозе, нозе и уште нозе
Тежок ден ќе биде денес…Тежок мислиме по однос на тежината која ќе треба да се пренесе и адаптацијата која ќе следува следните неколку дена. Не плашете се од воспалата, таа е повеќе од добредојдена и очекувана. Затоа зимајте теговите и фаќајте се за работа.
Leg day again!!!
Хазардерите на број
Тренинг од групата на забавни тренинзи повторно ви подготвуваме каде што среќата на тој што ќе ги има картите во рака ќе биде пресудна за тоа на која страна ќе се тргне. Комбнацијата на вежбите иако случајно ќе се одредува така е поставено да сепак се добие супер тренинг. На крајот на денот па каде би бил светот ако нема забава.
За сите хазардери: Нема откажување до последната рака!
Малку поинакви 6-ки
Не се овие ѓаволски, но сепак имаат потенцијал сериозно да ве предизвикаат и извадат максимумот од секој еден од вас. Тренинг за горен дел од телото е повеќе од добредојден каде може да се одбере интензитетот и брзината на изведбата. Земете соодветна тежина и право на работа.
Приклучи се бесплатно и пробај.