Тренинзи за Март 2023 – Workout plans –

Тренинзи за Март 2023

Lifetime access

8

Тренинзи од Елена Бубало

Средно

ниво на интензитет

50

здрави рецепти

2,980+

заедница на discrod

Тренинзи за Март 2023

01

Пробај држи темпо

Фокусот на овој тренинг е горен дел на тело и верувајте нема да разочара. Системот од 40 секунди работа проследени со 20 пауза е супер кога сакаме да го задржиме интензитетот високо, а паузите планирани. Очекувајте следните денови убава воспала на рацете и рамената и уживајте во чувството на добро завршена работа.

02

Watch out on the stairs tomorrow!

Бројот 15 ќе ве прогонува следните неколку дена и нема да сакате да го чуете повторно, овој тренинг така ќе ве предизвика да со сигурност ќе го правите одново неколку пати. Комбинацијата на терет напред назад е така соодветно испланирана што ќе може да продолжите иако ќе сте оптеретени од самиот почеток. Немој да брзате, силовиот тренинг треба да е тежок и бавен. Фокусирајте се на изведбата и резултатите само што не пристигнале. Happy leg day!

03

Држете се до паузата!

Повторно и овој пат ќе си играме со часовникот и тоа на интервали од 30 секунди. Испланираната пауза на крај од секоја рунда ќе дојде како спас од наметнатото темпо и ќе треба добро да се искористи. Супер комбинација на вежби кои ќе го истретираат секој дел од вашето тело зачинето со солидна доза на кардио примеси. Останете фокусирани, секој старт искористете го максимално.

04

Сет нозе, сет јадро

Омилените на многу од вас тренинзи за нозе ги збогатуваме со уште еден таков ист на кој му додадовме соодветна доза на активација на мускулатурата на јадрото. Бројот 8 ќе се повторува низ целиот концепт на овој тренинг како фокусот го насочиме кој изведбата, а не кон броењето. Сами одберете го бројот на сериите кои сакате да ги сработите и не чекајте. Ваков тренинг е со предзнак на фаворит.

05

2 minutes strong

Напад на горниот дел на телото ве очекува овој тренинг како продолжение. Комбинација од 3 вежби по 8 повторувања е тоа што ќе треба да се заврши на секои две минути. Но интервалот не завршува тука. Напротив продолжува до крај на двете минути со интелегентно вметнат елемент за јадро кој ќе го одмори горниот дел, но сепак ќе ве држи активни за целото времетрање на овој тренинг. Завршете ги двете планирани серии со мала планирана пауза помеѓу и очекувајте пријатна воспала во следните денови.

06

Roller coaster

Почни високо, издржи го почетниот удар на повторувања па почни да намалуваш се до третата серија. Ова нека ви одекнува во глава додека поминете низ првите 21 повторување од вежбата, потоа се е полесно. Третманот на цело тело ќе го почувствувате одма на првата серија но останете јаки бидејќи скоро пола теренинг е веќе поминат за сите оние кои ќе се решат да завршат на 9-ката. А за сите останати ентузијасти и трагачи по авантура и предизвик "Roller coaster" ќе остане долго во вашето сеќавање.

07

Колку може да е тешко ако само додадам 2?

Нов тренинг предизвик за сите од вас кои сакате акцент на нозете и задникот. Верувам сме согласни дека нозете и колковите се важен, ако не и најважен дел од нашиот систем па затоа нема тука дискусија. Тежината е обавезна кога очекуваме стимул на ваков голем систем па затоа не плашете се и нека ве води "потешко е подобро", се разбира формата е секогаш примар. Уживајте и чекаме фидбек.

08

Од 7-ци никогаш доста

Добро познатата комбинација од седум серии по седум повторувања од седум вежби и овој пат ќе ве држи неизвесно се до крајот. Иако системот е добро познат оваа комбинација е како никогаш претходно моќна да го стимулира и предизвика да останете до крај.
P.S. Следните неколку дена избегнувајте терет со рацете, верувајте нема да е лесно по овој тренинг.

насоки за вежбање

Започни 7 дневен
free trial

Приклучи се бесплатно и пробај.

ПРЕПОРАКИ И РЕАЛНИ

Успешни Приказни

Наташа Шопова

Прочитај повеќе

Ивана Андоновска

Прочитај повеќе

Ана-Марија Трајковска

Прочитај повеќе

Ирена Гроздановска

Прочитај повеќе

Елена Штерјовска

Прочитај повеќе

Ирена Арсовска

Прочитај повеќе