8
Тренинзи од Елена Бубало
Средно
ниво на интензитет
50
здрави рецепти
2,980+
заедница на discrod
7-ци на менито денес
7-мици ќе се проткајуваат во овој денешен тренинг како низ сериите исто така и низ повторувањата на вежбите. Трите сета секој засебно посебно тежок и предизвикувачки ќе ве држат на работ на вашите способности до крај на тренингот. Секогаш кога поголема тежина е планирана за тренинг неопходно е добро да се загрееме па исто и овој пат. Загрејте ги теговите и почнуваме.
Ах тие Трастери
Една од нај омилени/омразени вежби е дефинитивно Трастерот. Тука нема двоумење или го сакаш или го мразиш нема трето. Денес ќе го употребиме во добра конотација и верувам сите заедно ќе уживаме. Комбинацијата од два сета со ангажман на целото тело на сите ќе ни годи и накрај ќе изнудиме многу среќни лица. Одиме да уживаме заедно во уште еден супер сет.
Стотки!
Еве еден добар тренинг кој ќе ја тестира повторно твојата воља да истраеш на големи бројки. Немојте да го гледате ова како пречка и веднаш да ја почнувате олеснетата опција туку како можност да малку повеќе истраете и ментално се победите самите себе. Условната пауза само ќе ви помогне да останете силни низ целата вежба и ќе ви даде шансада земете здив помеѓу. Уживајте!
Омиленото интервално комбо
За огромен дел од вас, а верувајте и нас овој тип на интервали ни го дава чувството на успешност и добро завршена работа секогаш кога ќе се најде на планот за тренинг. Динамиката на вежбањето со соодветната комбинација на вежби зачинете со супер кратка пауза ќе го погоди стимулот за секој од вас без разлика на моменталното распожение и енергија. Почнувајте одма и внимателно со паузите!
Ништо подобро од нозе
Не можеме а да не ставиме акцент уште еднаш на тоа дека нозете ни се половина од мускулниот ситем гледано по големина и дека тренингот за нозе е неизоставен елемент од една сериозна тренинг програма. Секогаш сериозен пристап и добро загревање бидејќи ќе ве очекува добра борба со теговите. Не се давајте, нашиот тренер е тука да ве мотивира и доведе до вашиот максимум и овој пат.
Среќна 7-ца
За многу од вас среќна, за нас супер опсег на повторување од една вежба кој може да го извади најдоброто од секого. Да да, тоа се седмиците и повторно се на план за денешниот тренинг за грб и задна линија од телото. Овде нема брзање туку фокус и внимание на изведбата на секоја од вежбите посебно за да добите максимум од овој сет. Не се плашете да одите до продолжената временска рамка, вашиот грб може тоа да го поднесе.
Дооолга табата
Тајмерот спремен и обавезно на видно место поставен бидејќи денес ќе ви биде од огромна потреба. Тој ќе го дава темпото и ќе ве води низ денешната игра со секундите. Релативноста повторно ќе си поигрува со нас правејќи ги 20те секунди долги, а пак 10-те за пауза прекратки. Независно на чувството бидете подготвени и не дозволувајте да побегне ниту една секунда. Тука се одвојуваат победниците.
4 минути повеќе од доволно
Двата денешни сетови навидум едноставни и лесни ќе бидат предизвик дури и за најспремните од вас да издржите до крај на овие зададени сетови. Идејата позади оваа комбинација е стабилно да се помине првиот дел како влез во сетот и потоа да се даде максимум за што е можно повеќе серии од втората порција. Овој пат нема да има пауза помеѓу сетовите па темпото ќе биде од многу важна улога. Земете длабоко воздух и фаќајте се за работа.
Приклучи се бесплатно и пробај.