Тренинзи за Мај 2023 – Workout plans –

Тренинзи за Мај 2023

Lifetime access

10

Тренинзи од Елена Бубало

Средно

ниво на интензитет

50

здрави рецепти

2,980+

заедница на discrod

Тренинзи за Мај 2023

01

Cardio infused core

Две минути серија повторена 4 пати и уште еднаш 4. Немајте грижа тренерот испланира и по некоја секунда пауза да нема реакции потоа за тренингот. Јадро помешано со кардио е одлично комбо да регија како стомакот добие комплетен третман и формира тренинг од супер пропорции. Бидете спремни и навремено почнувајте, тренингот на крајот дизајниран е да ве предизвика.

02

Oh my legs

Иста шема на повторувања со нова комбинација на вежби. Да да, 21-15-9 ќе провејува низ мотивот на овој тренинг повторно. Дадете доволно внимание на изведбата на вежбите бидејќи виртуозноста е токму таму а помалку во брзината и броењето. Нозете и колковите се голем и силен систем и сакаат соодветен терет. Дајте им го тоа што заслужуваат, стиснете плеј и уживајте.

03

Total body – hit and run

Нова скала со нежни броеви пријатно ќе ве изненади овој пат. Иако на прв поглед малку, штом ќе почнете веднаш ви станува јасно дека воопшто не е наивен тренингот. Од сам старт фатете соодветно темпо кое нема да ве натера да застанете. Полека е бавно - бавно е брзо овој пат нека ви одѕвонува во глава и само не застанувај. За похрабрите слободно назад кон почетокот.

04

Crazy pump sesion

Ова е една од оние тренинг сесии кои можеби нема да се вбројат во омилените, но се потребни да го задржат балансот на телото горе и долу. Супер интензивни 4 минути ротации на неколку вежби континуирано одвоени со статични издршки. За сите нинџи на програмата дајте репер со 6 серии па чекаме искуство од возењето.

05

Едноставна прогресија

Уште еден тренинг за нозе кој навидум изгледа едноставно, a всушност е многу потентен да направи озбилен тренинг. Четири вежби поставени во едноставна прогресија каде секоја наредна се зголемува за три повторувања прават комбо за супер тренинг на нозе и долен дел. Товарете храбро и очекувајте ги резултатите.

06

Нова кардио сесија

За сите оние кои сакаат добар и интензивен тренинг со висока срцева зона низ целото времетраење ова е тренинг сесијата за вас. Почнете храбро и агресивно. Пробајте истото тоа темпо да го задржите за целото времетраење на тренингот. Вашиот аеробен систем го заслужува овој третман и верувајте ќе ви врати благодарност назад. Уживајте.

07

Напад на горниот дел

40/20 системот на работа со пауза овој пат ќе ни помогне да го истретираме горниот дел на телото. Малку ќе буткаме, подигаме, влечеме и се така цел тренинг. Соодветно поставените елементи на активација на целото тело навидум ќе ве одморат но не залажувајте се, нема да е тоа одмор. Спремете се и почнете ја оваа тренинг сесија. Како и сите останати ќе биде супер возење.

08

Total body ninja

Ваков систем каде бараме од вас истрајност до последната секунда не е за оние со слабо срце. Секој интервал без разлика во кој дел од тренингот е ќе бара од вас максимална издржливост и воља да се избутка до крај и како да е тоа малку веднаш да се почне со новата рунда. Засукајте ги ракавите и само стиснете плеј. За останатото немојте да се грижите.

09

12 is my lucky number

Опсегот од 8 до 12 повторувања по дефиниција е она што го сакаме кога станува збор за хипертрофија на мускулатурата. Токму затоа тука се овие 12-ки. Ова може и да се претстави како еден огромен тренинг супер сет кој нема да остави ниту едно мускулно влакно неупотребено до максимум. За силни вежбачи само тешки тренинзи, уживајте.

10

Core attack

Повторно јадро на менито денес. Малку и да одмориме од претходните неколку силови тренинзи. Одберете си го самите времетраењето на сериите и дајте максимум и овој пат. Иако мала мускулна група многу важна кога станува збор за целокупната стабилност и цврстина на држење на телото. Запомнете јако јадро е базата па не се штедете.

насоки за вежбање

Започни 7 дневен
free trial

Приклучи се бесплатно и пробај.

ПРЕПОРАКИ И РЕАЛНИ

Успешни Приказни

Наташа Шопова

Прочитај повеќе

Ивана Андоновска

Прочитај повеќе

Ана-Марија Трајковска

Прочитај повеќе

Ирена Гроздановска

Прочитај повеќе

Елена Штерјовска

Прочитај повеќе

Ирена Арсовска

Прочитај повеќе