8
Тренинзи од Елена Бубало
Средно
ниво на интензитет
50
здрави рецепти
2,980+
заедница на discrod
2 минути, 5 сетови
Денешниот тренинг во основа ќе има само две минути работа од секој сет, но ќе треба вистински да се потрудите да ја завршите зададената работа во даденото време. Има полесни и потешки сетови но истите се така подредени да може да завршуваат точно пред истекот на интервалите.
Трка со врмето ќе биде темата за денес. 3 2 1 старт!
Фитнес коцки
Тренирањето е сериозна работа, но што би било кога ќе додадеме елемент на игра и незвесност? Токму таков е и денешниот тренинг. Ќе оставиме еден сет на добро испланирани коцки да ни го креираат тренингот и да видиме колку сме среќни. Забавата треба да е составен дел од нашето секојдневие како би имале подобро расположение и поубав ден. Останува да почнеме да вртиме и да оставиме среќата да го има последниот збор.
Double trouble burpee
Иако кај многумина не многу обожавано неговото височество "burpee" често ќе го среќавате во нашите тренинзи. Не е тоа бидејќи сакаме да ве тормозиме или пак намерно да ве мачиме. Тоа е затоа што сметаме дека како вежба го ангажира целото тело и можеме да ја искористиме во многу начини и насоки. Научете се да го сакате, не е толку лошо. На крај на денот ќе ве направи и ментално посилни.
The good deficit
Зголемувањето на опсегот на движење е исто така алатка која ни стои на располагање кога сакаме некој мускул дополнително да го издолжиме во работа и со тоа да го зголемиме употребливиот опсег на зглобовите околу него. Затоа не плашете се, пробајте да го зголемите опсегот на движење макар по цена на намалена тежина. Овој стимул редовно практикуван ќе ви ја донесе поголемата тежина и тоа многу побрзо од што сте се надевале.
Yet another leg day
Убедени сме дека сите исто толку многу го сакате тренингот за нозе како и нашите тренери па еве да ве почастиме со уште една комбинција токму за оваа регија. Вежбите се добро познати, но комбинирањето е ново и очекувајте сосем поинаков стимул. Јажето на крајот на секоја серија супер ќе дојде малку да се изрелаксираме и повторно назад на работа.
Right on point
Големината на сериите може да варира од супер тешки единици кои би претставувале 90 до 100 проценти од релативната сила од таргетираната мускулатура па се до 20-ки, 30-ки, 50-ки каде играта е мускулна издржливост и раст. Ова денес е класичен пример од овие вторите и верувајте ќе се чувствува овој тренинг во деновите кои што ќе следат. Засукајте ги ракавите и дајте добар "push". Магијата е во некомотното...
Dumbbells always welcomed
Употребата на што поразлични тренинг реквизити ни ја даваат разноликоста на секој еден тренинг, но што е поважно и различен стимул. Одвоената тежина на страна секогаш ќе бара од вас екстра ангажман за да држат во контрола и правилна изведба вежбите што само по себе резултира со подобрен стимул и адаптација. Одберете правилна тежина и запаметете, не секогаш потешко е подобро.
Finishing strong
Подигањето на тежина од земја иако за многумина изгледа како страшна работа е стимул на нашето тело кој е повеќе од потребен и треба секој да го прави. Тоа е една од работите кои ќе ни помогнат долго да го oдржиме нашето тело во функција и правилна работа. Секогаш почнувајте постепено и запознајте се со тежината, добивките вредат за маката.
Приклучи се бесплатно и пробај.