Тренинзи за месец Ноември 2022 – Workout plans –

Тренинзи за месец Ноември 2022

Lifetime access

12

Тренинзи од Елена Бубало

Високо

ниво на интензитет

50

здрави рецепти

2,980+

заедница на discrod

Тренинзи за месец Ноември 2022

01

Загревање – Summer Boost

02

Истегнување – Summer Boost

03

01. Seven out of seven

Првиот тренинг од овој летен серијал ќе го започнеме со акцент на долниот дел на телото и јадро. Кратки серии со 7 повторувања од вежба повторени во неколку круга ќе ве држат ангажирани низ целиот тренинг. Редоследно така поставени вежби да може и кога сте заморени да продолжите да вежбате и ви дава дополнителна мотивација да издржите до крај. На вас останува дали ќе одберете 5 или 7 серии и да ужувате во тренингот.

04

02. 21-15-9 save the numbers

Преку играта со бројки од 21-15-9 во овој тренинг рацете и целиот горен дел на телото ќе добијат одличен стимул. Идејата овде е да останете ангажирани и присутни постојано низ тренингот како би ја исполниле зададената задача од повторувања на вежбите и едноставно нема ни да приметите кога поминал тренингот. За сите оние кои со завршувањето на 9-ката ќе сметаат дека имаат уште енергија ве предизвикуваме да се вратите назад на 15 и 21. Ве очекува одлична забава.

05

03. Hips and core

Овој тренинг сме фини и решивме да испланираме и одмор во истиот. Но внимавајте, не се опуштајте, делот со пауза едноставно е само начин да почнеме поангажирано веднаш по истиот. Ваквиот начин на изведување на вежбите ни помага да го качиме интензитетот на навистина високо ниво од самиот старт на тренигот и да го држиме таму колку е можно подолго. Колковите и јадрото по ова ќе ви бидат навистина благодарни.

06

04. Legs and core

Трите засебни делови, одвоени со една минута одмор, овде планирани се наменети да преку едноставен пар на вежби во секој дел ги таргетираат нозете и јадрото подеднакво. Паровите на вежби меѓусебно се надополнуваат така да доколку се потрудите доволно скоро и да нема да треба да правите пауза. За сите Вас кои сте сериозни околку вежбањето слободно продолжете ги рундите на 10 минути, Ве чека супер предизвик.

07

05. Full body blast

Секогаш кога ќе дојде тренинг со големи повторувања стапува на сцена менталниот склоп а не само физичкиот. Да истраете преку 50 повторувања од било која вежба само по себе е предизвик па затоа спремете за одлично "возење". Поставете го часовникот на време кое би сакале да се предизвикате и дајте се од себе. Ќе се изненадите на што се е спремно вашето тело кога вољата е правилно насочна.

08

06. Tabata o’clock

Да да, тука сме, време е за Табата. Како да направиме тренинг систем и да не Ви го дадеме задоволството од овој супер динамичен интервал. Подгответе го целото тело за уживање и во исто време голем предизвик. Запаметете, клучот овде е да сте подготвени и решителни да почнете на време. Само така ќе го почуствувате правиот ефект на овие интервали. Адаптацијата која ја сакаме најчесто е надвор од нашата зона на комоција па затоа неплашете се, дајте се од себе ќе се изненадите на што се сте способни.

09

07. Strong back

Фокусот на овој тренинг е мускулатурата од задниот дел на телото и по завршувањето на истиот ќе Ви биде кристално јасно зошто е тоа така. Дадете посебно внимание на изведбата на вежбите при нивната демонстрација за да се осигурате дека добро ги изведувате за да ја добиете правата вредност од овој склоп на вежби.

10

08. Full body attack

Уште еден тренинг за цело тело кој од Вас ќе бара однапред да го оберете времетраењето на истиот и потоа да видите дали доволно се познавате себе. Сетот од еднорачни тегови ќе Ви прават друштво и помогнат да му дадете убава димензија. Вториот дел е посветен на чисто кардио елементи кои ќе ги потрошат и последните атоми на енергија кои ви останеле и по завршувањето ќе Ве остават задоволни и исполнети со признание на добро завршена работа.

11

09. 3 minute rush

Еве уште еден начин како да Ве мотивираме дополнително. Секој пат кога ни е зададена временска рамка за одредена работа се добива нова димензија на тренингот. Самиот момент дека часовникот отчукува и не не чека ни наметнува темпо кое не секогаш ни е комотно. Со тоа и добиваме супер интезивен тренинг кој никого нема да остави рамнодушен. 3 минути се навидум малку но немојте да потценувате. Пробајте па ќе муабетиме потоа.

12

Core prep in to full body treatment

Почеток на овој тренинг ќе го посветиме на активација на мускулатурата од јадрото на нашето тело со интервали од 30 секунди.
Веднаш по ова се префрламе на солидни 20-ки кои ќе го опфатат цело тело.

насоки за вежбање

Започни 7 дневен
free trial

Приклучи се бесплатно и пробај.

ПРЕПОРАКИ И РЕАЛНИ

Успешни Приказни

Наташа Шопова

Прочитај повеќе

Ивана Андоновска

Прочитај повеќе

Ана-Марија Трајковска

Прочитај повеќе

Ирена Гроздановска

Прочитај повеќе

Елена Штерјовска

Прочитај повеќе

Ирена Арсовска

Прочитај повеќе