10
Тренинзи од Елена Бубало
Средно
ниво на интензитет
50
здрави рецепти
2,980+
заедница на discrod
Турско седни-стани
Иако навидум нелогична на прв поглед вежба е турското станување и седнување секој кај ја пробал одма се уверува во спротивното. Ова е вежба која доколку се изведува правилно и со соодветна тежина има многу што да не научи и во исто време да добиеме во исто време. Немој да брзате, дадете си доволно време да ја совладате и да ја вметнеме заедно во овој тренинг. Ви ветуваме супер предизвик и одличен стимул.
Едноминутен системски напад
Тест на сите оние од вас со железна волја да се одолее на желбата да се запре и одмори на средина на минутата. Менталната игра тука ќе има доминантно влијание и ќе ги тестира дури и најјаките меѓу вас. Нема назад, штом чукне тајмерот се фаќаме за работа. Штом се свестиме веќе завршил тренингот и не остава само со чувство на задоволство дека сме дале се од себе.
Класична асиметрија
Од неопходна важност е редовно да ги тестираме своите можности во поглед на предизвик на страна по страна одвоено, а не заедно. Токму таков е и денешниот предизвик, точно поделен по страна на делување. Не се обезхрабрувајте, балансот е нешто кое се учи и му треба време да се совлада. Кога последен пат сте стоеле на една нога, а не пак да силово ја оптеретите? Завршете го тренингот па ќе споделуваме импресии заедно.
Табата танц
Да да, овој пат ќе танцуваме и тоа во ритамот на табата системот. Нема ништо подобро од добро конципиран табата тренинг кој ќе ве остави без здив уште од првата серија. Како и стандардно загрејте добро пред да почнете и стиснете плеј па со нашиот тренер уживајте во ова фитнес матине. Танцувањето не може да е никогаш лошо ако го имате правиот партнер до вас.
666 – убави, а не лоши
Ѓаволските 6-ки овој пат ќе ги употребиме за тренинг на горниот дел на телото кој само најсилните од вас ќе можат да го завршат. Дали е до бројката не можеме со сигурност да ви кажеме, но секако ќе е тешко до самиот крај. Она што може да го ветиме е одличен стимул на горе споменатата регија и тестирање на вашите способности до максимум.
3 серии само 10-ки
За да не ве буниме многу одиме овојпат со едноставни бројки и навидум едноставен тренинг. Од сопствено искуство секогаш кога изгледал тренинг едноставен напишан секогаш било борба да самиот крај на истиот. Затоа никогаш не потценувајте и давајте максимум секој пат. Не заборавајте, магијата е на работ на вашите можности.
Никогаш подолги 90 секунди
Малку свежина во тренингот овој пат ќе ни внесе систем на интервали но со променлив број на повторувања во секоја серија соодветно. Она што на почетокот ќе е многу и тешко при крајот на сериите ќе дојде како одмор и шанса за опоравок, но секако друга вежба ќе го преземе интензитетот. Без многу одлагања следете ги насоките од тренерот и подгответе се за пријатно изненадување.
Средно тешка кардио сесија
Најчесто кога ќе дојдеме до нешто средно тешко или пак лесно како најава се покажало дека брзо ескалира и се прикажува во вистинско светло. Па така и овој пат нема да оставиме на случаjност ништо. Навидум лесно на читање, но секако предизвикувачки за изведба е тренигот кој денес е на мени. Засукајте ракавите и право на работа. Покажете од што сте направени.
Загревање Ноември 2023
Пред секој тренинг задолжително направете правилно загревање со овие неколку едноставни вежби. Погрижете се да не го прескокнувате овој важен сегмент од вежбањето!
Истегнување Ноември 2023
Овие вежби се наменети за истегнување по завршување на секој тренинг. Погрижете се да не го прескокнувате овој важен сегмент од вежбањето!
Приклучи се бесплатно и пробај.