Тренинзи за Октомври 2023 – Workout plans –

Тренинзи за Октомври 2023

Lifetime access

10

Тренинзи од Елена Бубало

Средно

ниво на интензитет

50

здрави рецепти

2,980+

заедница на discrod

Тренинзи за Октомври 2023

01

Push and pull

Одиме денес горе-доле, влечеме и буткаме. Независно на тоа дали сакаме или не да работиме на мускулатурата на задниот дел од телото неоходно е тоа да го правиме бидејќи е линијата која го потпира и носи целиот наш скелетен систем иако тоа не се гледа на прв поглед во огледало. Дадете го потребното внимание на денешната регија за тренинг и гледајте како се случува магија.

02

Nonstop Tabata

Единствено подобро од регуларната табата може да биде само мешаната табата без крај. Да да, добро слушнавте овој пат како почнува табатата завршува дури на крајот од тренингот. Бидете сигурни дека сте добро спремни и соодветно загреани бидејќи штом почнеме со игра нема пауза. Започнете го секој сет навреме и останете доследни до крај. Никогаш немало лоша ТАБАТА!

03

4 вежби, многу моќ

Најчесто пробуваме тренингот да го конципираме така да е разновиден и да го задржи вниманието на оние кои треба да го вежбаат. Но, во овој степен на вашето тренинг патување веќе сигурно можете да го насетите потенцијалот на само неколку вежби во овој случај четири. Намерата е да се "товариме " со доволно голема тежина која ќе ни дозволи изведба на вежбите со добра форма но и да не предизвика да употребиме што е можно повеќе мускулни влакна како би добиле супер одговор.

04

Само два тега, ништо страшно…

За да направиме добар тренинг најчесто ни треба знаење за концептот и малку имагинација. Денешниот тренинг ќе го сработиме со само два рачни тегови кои ќе не предизвикаат да не ги оставиме иако многу ќе ни треба одмор. На крај сето ова ќе го зачиниме со три вежби за јадро кои ќе дојдат како блага пауза. Одберете соодветно па ако сте погрешиле со тежината намалете. Секогаш има простор за корекција.

05

5 или 7 минути?

За денес главна дилема ќе биде дали 5 или 7 минути по сет да одвоите... Верувајте што и да се решите нема да погрешите бидејќи секако ќе има одличен ефект. Добра комбинција од вежби кои ќе го опфатат целото тело со мал акцент на горниот дел. Подгответе ја опремата и во секој сет влезете брзо и агресивно. Иако кратко овие сетови имаат огромен потенцијал да ве остават без здив ако доволно сериозно им се потрудите.

06

30″ cardio

Нов тест на теоријата на релативност каде траењето на 30 секунди ќе го доведеме под прашање. Цела среќа што на два пати одредуваме пауза од исто времетраење, но пак овде за разлика од делот со вежбање многу кратко трае. Што е тука е, време е да ги засукаме ракавите и да го почнеме тренингот. Штом почне да одбројува саатот веќе е лесно. Треба само да се до крајот.

07

All you can squat

Омилениот за нас а верувам и за вас тренинг за нозе е денес на менито со озбилен терет на споменатата мускулна регија. Иако многупати е ова потенцирано еве уште еднаш, нозете и долниот дел на телото ја составуваат половина од мускулатурата на нашето тело и е од огромно значење редовно да се стимулира како би имале одлична база и баланс на нашиот систем. Голем дел дадете на загревање за сите оние што ќе работите со големи тежини и дајте се од себе. Нема такво нешто како премногу тешко!

08

Proper “chipper” on todays menu

Многумина од вас обожаваат долг тренинг со различни вежби и многу повторувања па затоа денес ви подготвивме класичен во наш жаргон "chipper" каде ви даваме да делкате вежба по вежба повторување по повторување. Нека не ве залажуваат малите бројки на почетокот и големите на крајот бидејќи тренингот е интелигентно осмислен како би ве оставил во движење за времетраењето на истиот и во исто време предизвика без разлика која вежба е соодветно со бројот на повторувања.. Останува само да го направите и уживате во придобивките од истиот.

09

За да завршиш мора прво да почнеш

Како и што наговестува насловот денешниот тренинг ќе треба час поскоро да го започнете како побрзо би завршиле. Убава комбинација за целото тело која добро ќе дојде и квалитетно ќе ве размрда. Добро е што целиот тренинг е поделен на два дела и ќе има добар одмор на полувремето но не се радувајте предвреме, многу работа ќе треба да се заврши. Одбрете го траењето на тренинг сетот кој вам најмногу ви одговара и нападнете.

10

Цик цак цел ден

Ова денешно возење од горе долу по повторувањата на вежбите ќе ве држат ангажирани и расположни низ целиот тренинг. Добар дел нозе со исто толку елементи на јадро како комбинација кои помеѓусебе се исклучуваат и може да се држи интензитет низ целата тренинг сесија е тематиката на овој сет. Останува добро да се загреете и се зафатите со работа. Резултатите се повеќе од извесни.

насоки за вежбање

Започни 7 дневен
free trial

Приклучи се бесплатно и пробај.

ПРЕПОРАКИ И РЕАЛНИ

Успешни Приказни

Наташа Шопова

Прочитај повеќе

Ивана Андоновска

Прочитај повеќе

Ана-Марија Трајковска

Прочитај повеќе

Ирена Гроздановска

Прочитај повеќе

Елена Штерјовска

Прочитај повеќе

Ирена Арсовска

Прочитај повеќе