5
Тренинзи од Елена Бубало
Средно
ниво на интензитет
50
здрави рецепти
2,980+
заедница на discrod
Less than unlucky 13
Начинот на изведување на вежби во минута е супер опција да си ги тестираме своите можности до максимум. Па така и овој пат тоа ќе е темата на тренингот но со една мала промена. Навидум лесно на хартија може да е многу тешко при изведба па затоа соберете храброст и напред во непознатото.
Core power
Помеѓу најобожаваните интервали се овие од 30 секунди каде промените се брзи и остри и тренингот поминува неосетно. Овој пат ни се падна јадро на програмата и очекувајте борба до самиот крај. Иако вториот дел директно не наликува на класичен јадро тренинг сепак и тоа како ќе биде афектиран и под тензија. Не се плашете од непознатото, прифатете го!
Hit the 20’s
Сетот со 20 повторување за многумина од нас ќе претставува предизвик но во никој случај не смееме однапред да се демотивираме и уплашиме. Којзнае можеби денес е денот кога сами на себе ќе докажеме дека и не било така страшно. Треба само малку упорност и верба. Денес е денот кога ќе сфатите колку сте напреднале.
Lucky eight!
Секогаш кога сакаме да донесеме поголемо оптеретување во тренинг системот неопходно е бројот на повторувања да се доведе до опсегот 8 до 12 како би го добиле соодветниот стимул. Баш затоа денес ќе биде "тежок" ден. Немајте грижи, добро ќе сте извежбани. Фокус на формата и сами доаѓаат придобивките.
Игра со броеви
За денес ќе треба малку да се активира повеќе и фокусот кон бројките на повторувањата бидејќи секоја вежба ќе има сопствена прогресија. Не грижете се сето ова можеби на прв поглед изгледа збунувачки но штом почнете се ќе добие логика.
Приклучи се бесплатно и пробај.