Тренинзи за Септември 2023 – Workout plans –

Тренинзи за Септември 2023

Lifetime access

8

Тренинзи од Елена Бубало

Средно

ниво на интензитет

50

здрави рецепти

2,980+

заедница на discrod

Тренинзи за Септември 2023

01

Малку јадро малку грб

Иако јадрото е мала регија и ексклузивно ја третираме поретко во однос на останатите не заборавајте дека истата таа е употребена во скоро сите останати вежби. Правилното држење и функционирање на нашиот мускулен систем е многу зависен од јачината на јадрото па еве и овој пат комбинација од јадро со заден дел. На прв поглед можеби нема да ја видите поврзаноста но брзо ќе се уверите во истата. Загрејте се и право на работа!

02

2,4,6 и така натаму…

Секогаш кога имаме за задача да правиме тренинг со различен број на повторувања на вежбите динамиката е таа која му дава поитересен лик на истиот. Иако почнуваме со 2 и завршуваме со 12 секоја вежба сама за себе си ја носи тежината и комплексноста соодветно на репетициите планирани. Темпото држете го стабилно и дадете се што можете до крај на сериите планирани.

03

45/15 за третман на цело тело

Интервалните тренинзи се едни од за нас омилени само заради тоа што сме сигурни дека ќе се задржи интензитетот низ тренингот како би добиле супер стимул од истиот. Во овој тренинг нема да има посебно афектирана група на мускули тука ќе добие третман целото тело со точно одредена доза и насока. Загрејте се добро пред почетотокот и држете темпо со нашиот тренер. И запаметете, 15 секунди одмор ќе се релативно кратки но тоа нема да е причина да не почнете навреме со следниот интервал.

04

Never enough of the clasic 21-15-9

Нова скалеста прогресија со добро познатите 21-15-9 кои системски се вака подредени како би ве мотивирале да на почеток завршите поголем дел од тренингот и продолжите до крај во исто темпо. Кога едноставно би ги собрале повторувањата и не се така многу но тука изборот на тежината е тој кој ја прави целата разлика. За сите од вас кои имате сила и воља дојдете до 9 и пак назад до почетокот. Забавата нема да изостане.

05

Lucky seven for upper body strenght

Мотивот на денешниот тренинг ќе бидат среќните седмици кои добро ќе не истретираат во регијата на рацете и горниот дел на грбот. Иако бројот на повторувања е мал, самите вежби се тие кои ја даваат тежината на истиот. Кога едноставно би ги собрале рундите и повторувањата ќе се соберат скоро по 50 од вежба што никој од вас нема да ве остави рамнодушни.

06

30 secounds cardio circuit

Опуштени 30 секунди од комбинација на неколку вежби ни го сочинуваат денешниот тренинг за супер кардио забава. Фокусот е генерален и најафектиран е аеробниот систем на телото кој што е и база на се потоа. 30-те секунди пауза на секои 3 минути не се премногу туку само доволни да дојдете при свест и одново да се спремите за почеток, но замислете и нив да ги немаше :)

07

Одбравме број, 16

Уште еднаш екипа, тренинг нозе! Нас како тренери предизвик ни е да направиме систем кој ќе биде изводлив за вас но сепак да ве адаптира соодветно како би добиле најмногу од секоја тренинг сесија. Одберте тежини кои ќе ви дозволат секоја 16-ка да ја завршите во најмогу две серии како би го задржале интензитетот низ тренингот. Запаметете ова е голема група на мускули и тренингот добро ќе ве потроши. Уживајте во истиот.

08

Два сета многу забава

Јадрото е неизбежен дел од секоја тренинг програма и ако добро се имплементира има многу што да придонесе во целокопното функционирање на телесниот систем. Со дополна на малку плиометрија ова е супер комбинација која ќе истестира повеќе од еден метаболички систем на употреба на енергија. Спремете се добро бидејќи штом почне тајмерот да одбројува нема назад држиме заедно до крај. Делот со пауза секако е добредојден.

насоки за вежбање

Започни 7 дневен
free trial

Приклучи се бесплатно и пробај.

ПРЕПОРАКИ И РЕАЛНИ

Успешни Приказни

Наташа Шопова

Прочитај повеќе

Ивана Андоновска

Прочитај повеќе

Ана-Марија Трајковска

Прочитај повеќе

Ирена Гроздановска

Прочитај повеќе

Елена Штерјовска

Прочитај повеќе

Ирена Арсовска

Прочитај повеќе