Тренинзи за Август 2023 – Workout plans –

Тренинзи за Август 2023

Lifetime access

8

Тренинзи од Елена Бубало

Средно

ниво на интензитет

50

здрави рецепти

2,980+

заедница на discrod

Тренинзи за Август 2023

01

Cardio and core mashup

Нова комбинација на јадро со аеробен капацитет овој пат во 4 парови на вежби меѓу себе комплементарни и со број и со стимул. Супер можност да го сработиме јадрото под висок интензитет и пулс кој само по себе како комбинација ни дава одлични резултати. Одберете само колку сакате да се помачите со овој тренинг после што нема назад. Еднаш договорени со себе останувате договорени.

02

Грбот ќе Ви каже фала

Време за регијата која не се гледа во огледало, а е заслужна за држењето на цело тело. Основа на нашиот систем која ако се изостави од редовно тренирање ќе се пропушти огромен аспект од целокупното одржување. Дадете доволно внимание на формата и никако во тој поглед немојте да правите компромис. Доколку сте комотни околу тежините слободно додадете потешко. Ваков тип на тренинг сака тежина за стимул.

03

Нова пирамида

Не дозволуваат буквално качување на пирамидите, но на оваа нашава ќе се искачиме и тоа неколку пати. За да радоста биде уште поголема фoкусот е нозе и задник. Загрејте се добро пред да почнете и обезбедете доволно тежина. Иако навидум бавен тренинг на крајот од истиот ќе бидете испотени како по кардио сесија, верувајте. Тежинските тренинзи го имаат оној закаснет ефект кој делува и до три дена по тренирањето.

04

Full body Tabata

Интервали ќе користиме овој тренинг, познати за вас до сега, но со нова комбинација на истите. 20 секунди работа и 10 пауза дозволуваат да се задржи висок интензитетот, но се насока да сте навреме подготвени за секој интервал. Има и неколку нови моменти кои ќе треба да ги совладате, но тука е и убавината на тренирањето. Адаптацијата која ја нуди со секој еден нов тренинг.

05

Остани присебен, ништо страшно

120 секунди постојана работа не ни малку лесно но комбинацијата која ви ја подготвивме со малку воља се издржува до крај. Првиот сет јадрото ќе треба сериозно да се ангажира по кој дел следува напад на горниот дел како еден вид на завршување. Целата оваа комбинација е точно димензионирана да го добиеме тоа шт го сакаме, јако јадро и горен дел. Уживајте во истиот и чекаме на коментари.

06

Couple of intervals in the house

Темпо, темпо, темпо! Ваков тип на тренинг никогаш не е за број на повторувања туку за тоа да се издржи на времето под тензија. Голем дел на вежби кога би ги правеле полека се потешки и имаат поинаков стимул па затоа тука е истиот концепт. Користете ги паузите соодветно бидејќи се повеќе од потребни и борете се до крај. И ние па и Вие знаете дека придобивките се секогаш надвор од зоната на комфорот.

07

Асиметричен напад

За адаптацијата која сакаме да ја постигнеме има повеќе од еден начин и метод па затоа ги вметнуваме истите во програмата. Овојпат добар дел од вежбите се одвоени како би добиле третман соодветен на двете страни. Ќе приметите дека има значајна разлика помеѓу левата и десната страна и токму затоа вака и е конципиран овој тренинг. Ваков тренинг секако дека ќе ја прошири основата на тоа веќе што го имате и ќе ве направи посилни.

08

20-ки за цело тело

Бројот на повторувања во вежбите кои ги правиме директно зависи од стимулот кој сакаме да го добиеме, тежина и интензитетот на изведба па затоа полека прогресираме со истиот. 20 не е ни малку мала серија но адаптацијата за мускулната издржливост токму тоа и го бара од нас. Подгответе се добро пред секој сет, земете некоја секкунда дополнително одмор и почнете. Можете сигурно уште да вежбате иако на прв момент мислите дека тоа е максимумот.

насоки за вежбање

Започни 7 дневен
free trial

Приклучи се бесплатно и пробај.

ПРЕПОРАКИ И РЕАЛНИ

Успешни Приказни

Наташа Шопова

Прочитај повеќе

Ивана Андоновска

Прочитај повеќе

Ана-Марија Трајковска

Прочитај повеќе

Ирена Гроздановска

Прочитај повеќе

Елена Штерјовска

Прочитај повеќе

Ирена Арсовска

Прочитај повеќе